Неверојатен скандал се случи денеска на натпревар од детската лига на ФФМ откаково кој возрасни лица се тепаа меѓусебе.
За целата ситуација се огласи и Фудбалската федерација на Македонија, а нејзиното соопштение ви го пренесуваме во целост.
„Тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.
Фудбалската федерација на Македонија изразува длабока разочараност од инцидентот што се случи на детскиот фудбалски натпревар од финалниот турнир на тренинг центарот “Петар Милошевски”.Она што требаше да биде настан на кој се слави спортскиот дух, тимската работа и радоста на играта беше нарушено со неприфатливото однесување на дел од присутните родители.
Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, најостро го осудуваме однесувањето на присутните родители кои го предизвикаа и учестуваа во инцидентот. Таквото однесување е спротивно на вредностите што ги поддржуваме и примерот што се стремиме да им го дадеме на нашите деца.
Од клучно значење е сите да се стремиме кон основната цел на детскиот спорт: поттикнување развој, забава и почит меѓу учесниците.
Фудбалската федерација на Македонија како организатор на Детска лига сериозно размислуваше за драстична одлука и суспендирање на понатамошните натпревари, но таа одлука би значело само штета за сметка на радоста на децата и нивната желба за игра.
ФФМ сепак донесе одлука понатамошните натпревари да се одиграат без присуство на публика.
Исто така, тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.
Ги повикуваме сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој.
Наш приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина“, стои во соопштението на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА