Светскиот ден на хемофилијата секоја година се одбележува на 17 април, а тоа е прилика јавноста на најдобар начин да се информира за хемофилијата – наследна генетски условена состојба која се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крвавењето.
Светскиот ден на хемофилијата се одбележува ширум светот, здруженијата укажуваат и ги информираат поединците, семејствата, заедницата, но и бројни спортски организации и национални Федерации се со цел и тие да дадат свој придонес и поддршка за милиони жени и девојчиња со нарушувања во крварењето.
По тој повод вчера во „Куќа на фудбалот“ се одржа прес конференција на која генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски ја пренесе пораката со поддршка за здружението на хемофиличари на Македонија.
„Дружењето по повод Светскиот ден на хемофилијата за сите нас е од едукативен карактер. ФФМ како општествено одговорна институција секогаш ќе поддржува вакви настани и ќе праќаме порака дека сите ние го слушаме вашиот глас. Фудбалската топка е алат кој поврзува и ги руши предрасудите. Фудбалот навистина има потенцијал да влијае на многу работи и ние сме благодарни што нè примивте во вашето семејство и добивме можност гласно да проговориме за хемофилијата“, истакна Филип Поповски.
Присутните од здружението на хемофиличари заедно со децата од ЗХМ го следеа натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Лихтенштајн до 16 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА