ФФМ го смени комесарот за натпреварување на десет дена пред стартот на шампионатот

Фудбалската федерација на Македонија го смени досегашниот комесар за натпреварување, Васко Дојчиновски. На седницата на УО на ФФМ која се одржа вчера, Дојчиновски е разрешен од функцијата, а неговото место ќе го заземе Игoр Франговски, поранешен фудбалер и актуелен делегат во Собранието. Отсега тој ќе биде „главен“ во комисијата за натпревари.

Дојчиновски во изминатите седум години беше комесар за натпревари, а сега ќе остане како член на комисијата. Тој и го изврши ждребот за одредување на календарот на натпреварување во Првата лига пред неколку дена.

Според одредени информации, „заплетот“ настанал поради стадионот во Велес кој има вештачка трева. Дојчиновски се залагал на стартот од шампионатот Борец да не игра натпревари на теренот со вештачка трева, затоа што тоа може да има и серизно здравствени последици за фудбалерите при високи температури.

 

Се вчитува...