За време на Конгресот на УЕФА во Рим, Фудбалската федерација на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Фудбалската асоцијација на Норвешка за развој на женскиот фудбал.
Проектот целосно финансиран од Владата на Норвешка предвидува организирање на четири курсеви во период од две и пол години. На секој курс ќе партиципираат по 24 жени/девојки без претходна тренерска едукација во женскиот фудбал.
По завршување на курсот секој од тренерите ќе добие спортска опрема за тренинг за 12 деца со обврска да започне активности во својата општина или место на живеење, а ФФМ со низа дополнителни активности ќе се стреми да го зголеми бројот на женски тренери со национална Ц лиценца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА