Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ испратија честитка до Шкендија по големиот успех на тетовци и изборениот пласман во плејоф-разигрувањето од Конференциската лига на УЕФА.
„Успехот на Шкендија е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена, а воедно претставува и значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа.
Со надеж за уште поголеми успеси, им посакуваме на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија квалитетни настапи и достојно претставување во продолжението од европските натпревари“, се вели во честитката од куќата на фудбалот до тетовскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

