ФФМ има пријава за сомнителни „игри“ на мечот Работнички – Охрид кој заврши 8-2!?

Во Фудбалската федерација на Македонија е пристигната пријава за крајно сомнителниот резултат на пријателскиот натпревар меѓу Работнички и Охрид, кој се одигра вчера во Скопје, а заврши со победа на „романтичарите“ од дури 8-2!?

Во пријавата, според последните неофицијални информации, јасно е наведено дека крајниот резултат не е последица на фудбалска немоќ, но поради исклучително зачудувачкиот незаинтересиран однос на фудбалерите на Охрид на самиот натпревар. Крајно сомнителните активности на натпреварот се уште еден удар за домашниот клупски фудбал, и обидите конечно да се стави крај на „матните игри“ на фудбалските терени од поединци кои ниту најмалку не се во интерес на домашниот фудбал.

Како дополнение на тоа, се уште и информациите за забележани високи финансиски уплати во обложувалниците за самиот натпревар, кои, наводно, достигнуваат и до 70.000 евра.

Според информациите, во овој последен случај никаква вмешаност нема Работнички. И самите фудбалери на „романтичарите“ биле збунети од односот на противничките играчи на меѓусебниот тест-меч.

Од ФФМ, според најавите, се очекува покренување постапка за „разоткривање“ на крајно сомнителните резултати на пријателските натпревари низ кои се впуштаат дел од македонските клубови од Првата и Втората македонска фудбалска лига, и дополнителна пријава до Министерството за внатрешни работи. Определбата на ФФМ, официјално потврдена уште пред извесен период по појавувањето на серија сомнителни резултати на дел од македонските клубови, е максимално да се продолжи борбата против овие појави и засекогаш да се стави крај на злото кое, се чини, се уште е всадено меѓу пооделните домашни фудбалски колективи.

Се вчитува...