По случајот со седумте млади фудбалерите од Академијата на ФФМ кои во текот на изминатите два дена се пожалија на тегоби по наводно конзумирање храна во рамките на активностите во Академијата се огласи и Фудбалската федерација на Македонија.
„Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабараториските испитувања во медицинската установа “Неуро медика”. Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на НОРМАЛНИ вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба и полно здравје. Резултатите од дополнителните испитувања ќе ја утврдат објективната причина за случајот“ – се вели во соопштението од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА