Фудбалската репрезентација на Македонија вчера дебитираше на Европското првенство во Букурешт против селекцијата на Австрија. Можеби не заслужено, сепак, нашата репрезентација го загуби натпреварот со 3-1.
Нашите фудбалери потенцираа дека позитивно гледаат кон следните два дуели против Украина и Холандија и нема да ја изгубат надежта. Инаку, поддршка до македонските „рисови“ пристигнува од секаде, а со јасна порака се огласи и ФФМ која покажа дека гордо стои зад македонската фудбалска репрезентација.
„Ниеден пораз не се брои, Вие сте наши херои“, стои во соопштението на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА