ФФМ ја казни Воска со одземање на девет бодови

ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28. коло од Прва МФЛ, донесе одлука дисциплинската комисија на ФФМ.

Клубот од Охрид доби и парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ.

Претседателот на ФК Воска Спорт АД, Нефи Усеини се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е исречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ, стои во соопштението на ФФМ.

Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец, завршуваат од Дисциплинската комисија на ФФМ.

Се вчитува...