Фудбалската федерација на Македонија, по денешната седница на Управниот одбор, информира дека согласно актите на ФИФА и ФФМ, фудбалските клубови и фудбалери се должни да ги доставуваат договорите за професионално занимавање со фудбал на верификација во ФФМ, пред комисијата за верификација на договори.
Тоа се правни дела кои мора да бидат склучени исклучиво врз основа на Стандардниот договор, усвоен од Управниот одбор на ФФМ. Само договори склучени на тој образец и верификувани од Комисијата имаат фудбалско значење во рамки на нашата организација.
„Во пракса, добиваме индиции дека дел од клубовите и фудбалерите склучуваат договори надвор од оваа постапка. Согласно правилата и актите на ФИФА и ФФМ, тие договори не произведуваат фудбалско-правно дејство. Имено, договорите кои не се доставуваат во ФФМ, т.н. „двојни договори“, нема да се толерираат, односно нема да се признаваат. Упатуваме јасна и недвосмислена порака кон клубовите и фудбалерите: Правилата за регистрација, трансфер и статус мора да се применуваат доследно, како и прописите на ФИФА, така и Правилникот на ФФМ. Верификацијата не е формалност, туку механизам за заштита на сите страни, но и на интегритетот на системот. ФФМ ќе ја извести ФИФА за ситуацијата, со цел да бидат запознаени дека одредени договори се склучуваат со цел да се избегне домашната регулатива“ – категорични се од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

