Управниот одбор на ФФМ на денешната своја редовна седница, како подготовка на претстојното Редовно изборно собрание кое ќе се одржи на 15 март во Скопје, меѓу останатото донесе одлука од Собранието наредниот месец да се побара овластување за промена на системот на натпреварување во сите категории.
„УО на ФФМ одлучи на престојното Собрание да побара овластување од делегатите на фудбалското Собрание за промена на системот на натпреварување во сите категории“ – информираат од ФФМ.
Сето тоа треба да донесе измени во сите лиги, а притоа најавено е и спроведување целосна реформа на организациската структура на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

