Фудбалската федерација на Македонија ќе поставува рефлектори на стадионот во Кавадарци и во уште два града, информираше претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во најновиот спортски подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК.
Како што е познато, првиот човек на ФФМ јасно посочи дека федерација во иднина ќе инвестира во изградба на терени – „таму каде што почнува фудбалот“..
„Ние во минатото носевме погрешни одлуки со инвестиции во трибини. Ние мораме со локалните самоуправи и со клубовите коишто гравитираат во тие општини да разговараме и да општините каде има земјиште да се направат терени. Фудбалер се станува на терен, не се станува на трибина“ – рече Омерагиќ, притоа дополнувајќи:
„Притоа во првата фаза планираме во два или во три града да поставиме рефлектори. Едниот град ќе биде Кавадарци, а за останатите се уште се прават анализи, разгледуваме, па ќе биде донесе одлука“.
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

