ФФМ: Наскоро три линии ќе ги обојат нашите бои!

Фудбалската федерација на Македонија преку кратко видео на социјалните мрежи го најави новиот дрес на репрезентацијата кој ќе биде креиран и од нов спонзор. Во видеото на социјалните мрежи се прикажани и сите дресови кои ги имала репрезентаацјата од нејзиното формирање во 1996 година до до денеска.

Имено, ФФМ ја завршува соработката со „Јако“ и ќе потпише договор со „Адидас“.

„Наскоро, 3 линии ќе ги обојат нашите бои“, најавуваат од ФФМ.

Се вчитува...