ФФМ не попушти, второлигашите ќе платат котизација

Екипите од Втората Лига – исток се согласија да ја платат котизацијата за учество во овој ранг на натпреварување. Второлигашите најпрвин бараа од ФФМ да им биде укината котизацијата, но откако куќата на фудбалот не излезе во пресрет на ваквото барање, клубовите се согласија да ја платат сумата.

„Клубовите од Втора МФЛ – исток преку допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврдија дека на заеднички состанок на кои присуствувале претставници на сите десет клубови од Втора МФЛ – исток, донеле заклучок да ја почитуваат одлуката на Управниот одбор на ФФМ за регулирање на надоместокот за службени лица (котизација) за учество во натпреварувањето во сезоната 2019/2020. Фудбалската федерација на Македонија преку Одборот за итност го разгледа барањето и одлучи да им одобри на клубовите од Втора МФЛ продолжување на рокот за уплата на надоместокот за службени лица (котизација) до 5. август 2019. година“ – се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Фудбалската Федерација на Македонија.

Се вчитува...