ФФМ објави: Пелистер на „дисциплинска“

Пелистер успеа да слави на натпреварот против Шкупи и да стигне до втората победа сезонава, но битолчани се соочуваат со проблем откако беа предадени на дисциплинска постапка поради однесувањето на нивните навивачи на вчерашниот меч што беше одигран во Кавадарци.

„По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.

Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ“, објави Фудбалската Федерација на Македонија.

Останува да го сочекаме епилогот, но многу извесно е дека битолскиот прволигаш ќе биде казнет за овој инцидент.

Се вчитува...