Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) организира стручен семинар на тема „Повреди и дијагнози во фудбалот и нивно менаџирање“, наменет за доктори и физиотерапевти од клубовите во Прва и Втора МФЛ, ФУТСАЛ Прва лига, ЖМФЛ, како и за медицинските тимови од Националните селекции.
Семинарот ќе се одржи на 7 и 8 март 2026 година, во хотел Holiday Inn Skopje, Скопје.
На отворањето на семинарот свое излагање ќе има претседавачот на Комисијата за медицински прашања и анти-допинг при ФФМ, д-р Небојша Настов, а стручно излагање и активно учество ќе имаат д-р Милески Александар, доктор во А репрезентација, д-р Михајло Ивановски, доктор во А и репрезентација до 21 година, д-р Лабинот Бехтеши, д-р Мартин Христов, Бојан Цаневски, физиотерапевт во А репрезентација и Срѓан Димитриевски, физиотерапевт во А репрезентација.
Целта на семинарот е размена на стручни искуства, унапредување на медицинските протоколи и современи пристапи во дијагностика, третман и рехабилитација на спортски повреди во фудбалот, како и јакнење на соработката меѓу медицинските тимови на клупско и репрезентативно ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

