ФФМ почна постапка за формирање Арбитражен суд кој ќе ги решава споровите меѓу клубови, тренери, фудбалери…

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа редовна седница на која беше усвоен дневниот ред за Редовното изборно Генерално Собрание на ФФМ кое ќе се оддржи на 15. март во Скопје.

Покрај тоа, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската федерација на Македонија. Целта на Арбитражниот сум е да обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати меѓу фудбалските чинители (клубови, фудбалери, тренери…итн.). Исто така УО на ФФМ донесе одлука и за спроведување целосна реформа на организациската структура на ФФМ.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука и да даде предлог на претстојното Собрание за отпочнување постапка за формирање трговско друштво со цел комерцијализација / физичка продажба на официјални дресови, опрема и реквизити од Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...