И Фудбалската федерација на Македонија го потврди приведувањето на досегашниот директор на А-репрезентацијата, Данчо Масев, притоа информирајќи дека со самиот тој чин веднаш е разрешен и од функцијата во ФФМ.
Од ФФМ преку соопштение за целиот случај информираат дека сето тоа се остава на органите на законот во државата.
„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица. Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи. Фудбалска федерација на Македонија нема да коментира повеќе за овој случај“ – се вели во соопштението од ФФМ.
Како што информиравме претходно, Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА