Се е подготвено за стартот на новата прволигашка сезона закажан за месец август, откако ФФМ денеска и официјално потврди дека новите прволигаши Вардар и Воска ја добиле неопходната лиценца за натпреварување во елитното друштво.
Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубовите за учество во ПРВА МФЛ во натпреварувачката сезона 2023/24, а по преглед на доставената документација согласно правилниците за издавање на дозволи на клубови за учество во натпреварувања во организација на ФФМ, ги донесе следните одлуки:
Се издава лиценца за учество во ПРВА МФЛ за натпреварвачката сезона 2023/24 на клубовите:
1. ФК АП Брера АД – Струмица
2. ФК Брегалница 2008 АД – Штип
3. ФК Вардар АД – Скопје
4. ФК Воска спорт АД – Охрид
5. ФК Гостивар АД – Гостивар
6. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
7. ФК Работнички АД – Скопје
8. ФК Силекс АД – Кратово
9. ФК Струга Трим Лум АД – Струга
10. ФК Тиквеш 1930 АД – Кавадарци
11. ФК Шкендија АД – Тетово
12. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
По комплетирањето на процесот за лиценцирање и донесените одлуки, Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ го закажа извлекувањето на распоредот на натпревари (Календар на натпревари за ПРВА МФЛ, натпреварувачка сезона 2023/24) во четврток, 27. јули во 11:00 часот во „Куќа на фудбалот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА