Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги награди репрезентативците со премии од вкупно 350.000 евра доколку нашата А селекција успее да стигне до првото место во својата група од Лигата на Нации.
Како што е добро познато, Македонија се наоѓа во группа со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, така што мисијата воопшто не е невозможна, а висината на премијата е само мотив повеќе за селекторот Ангеловски и неговите избраници да направат врвен резултат.
„Првото место во групата е еден од приоритетите н само за фудбалерите и стручниот штаб во А селекцијата, туку и за Фудбалската федерација на Македонија. Сите се убедени дека во оваа репрезентација има и фудбалски и стручен квалитет за освојување на првото место во групата. На капитенот Горан Пандев и неговите соиграчи од репрезентацијата им посакуваме многу среќа во новиот циклус. Првиот натпреавар го играме на 6. септември против Гибралтар на гостински терен. На 9. септември во Скопје гостува селекцијата на Ерменија“ – соопштија од Фудбалската Федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА