На вонредна седница по инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од четвртфиналето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3-0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи и да обезбеди место во полуфиналето на Купот.
Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ.
ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА