ФФМ: Сите средства од продадените билети од мечот со Велс ќе одат за семејствата на настраданите во Кочани

ЕКИПА во Вадуц,
Горан Бошев

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите средства од продажбата на билети за натпреварот против Велс од квалификациите за СП 2026 кој Македонија го игра на 25. март (вторник) од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје да бидат наменети за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Максимално сочувствувајќи со болката на најблиските на сите настрадани во ужасната трагедија во Кочани, ФФМ одлучи сите средства да бидат наменети за семејствата, повикувајќи ги навивачите да ја наполнат арената

„Ние, и како поединци, и како федерација максимално сочувствуваме со семејствата на сите настрадани и сите повредени во ужасната трагедија која не затекна. Комплетниот приход од продадените билети од натпреварот против Велс ќе оди токму за семејствата на настраданите. Тоа е најмалку што можеме да направиме за сите кои живеат со огромната трагедија“ – информираше претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Цената на билетите изнесува 300 и 400 денари.

Се вчитува...