Раководството на Фудбалската Федерација на Македонија им посака многу среќа на фудбалерите на Шкендија на вечерашниот дуел со Карабах на кој тетовци ќе се обидат да испишат нова страница во клупската историја.
Истовремено, од куќатa на фудбалот апелираат до навивачите со спортско однесување да им дадат поддршка на нивните миленици и на националната арена во Скопје да не бидеме сведоци на навреди по било каква основа.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ посакува успех на KF Shkëndija на вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Карабах.
Веруваме во тимот и се надеваме дека и понатаму ќе нè радува со настапите во европските купови.
Во пресрет на вечерашниот натпревар, апелираме до сите навивачи и љубители на фудбалот да навиваат спортски.
Упатуваме повик до сите присутни да не подлегнуваат на провокации и да одбегнуваат навреди по било каква основа.
Само со фер-плеј, достоинствено однесување и заедништво, чекор по чекор, да докажеме дека македонскиот фудбал може да напредува, на теренот и надвор од него.
Фудбалот обединува.
Не смееме да дозволиме провокациите и навредите да бидат пред фудбалот, спортските и човечките вредности.
Да покажеме дека знаеме да навиваме со страст, но и со почит.
Фудбалот на прво место!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

