ФФМ со информација за навивачите пред денешниот дуел со Италија во Битола

Вечерва во Битола фудбалски спектакл. Младата репрезентација на Македонија под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ ја пречекува селекцијата на Италија во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.

Утрово со соопштение до навивачите излегоа од ФФМ кои ги советуваат да дојдат на стадионот колку можат порано. Вратите ќе се отворат од 16.30 часот.

„ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на денешниот натпревар Македонија (21) – Италија (21) на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола!
Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и заеднички да ја поддржиме нашата репрезентација до 21 година! 🔥
🕡 Вратите се отвораат во 16:15 часот.
Ве молиме дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да го заземете вашето место.
🟡 Лица ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.
Подгответе ги однапред за побрз и полесен влез.
🚫 На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.
Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност.
🎺 Понесете знаме, шал или дрес и сите заедно да го обоиме „Петар Милошевски“ во црвено-жолто и да бидеме вистинска поддршка за Македонија! 🇲🇰“, се вели во соопштението на ФФМ. 

Се вчитува...