Поразот во Копенхаген беше болен за сите, но Фудбалската Федерација на Македонија утрово испрати јавна благодарност до навивачите кои им дадоа поддршка на „црвено-жолтите“ на синоќешниот дуел со Данска.
Над илјада Македонци дадоа огромна поддршка на фудбалерите, што за жал беше недоволна да се стигне до позитивен резултат.
„Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“, порачаа од Фудбалската Федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

