Фудбалската федерација на Македонија го одржа првиот од четирите фитнес-семинари за фудбалските судии од Првата и Втората лига.
На настанот беше презентиран новиот независен систем за евалуација на судиите, кој овозможува Судиската комисија во живо да ги следи судиските одлуки и веднаш по вежбата да ги анализира најкритичните ситуации.

„Ги следиме препораките на УЕФА. На практичните вежби, во 30 минути, судиите донесоа 60 одлуки што е симулација на вистински натпревар. Секој одговор се внесува електронски и веднаш се добива повратна информација, што значително го унапредува процесот на евалуација, изјави Сашо Даневски, национален фитнес тренер на фудбалски судии.

Со реализираните активности, ФФМ продолжува да овозможува услови за унапредување на судиските стандарди и создавање професионални услови за развој на фудбалското судење во земјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

