Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе важна одлука со која се укинува котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига.
За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето.
Вкупната финансиска сума од која се ослободуваат клубовите со оваа мерка изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона, што претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

