Во пресрет на почетокот на новата сезона во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посакува многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно вложуваат во напредок на нашиот фудбал.
„Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти, на теренот, но и надвор од него. Сите заедно имаме обврска да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации.
ФФМ останува силен партнер на клубовите и ќе продолжи со посветена работа на обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето.
Се радуваме што заеднички го отвораме новото поглавје за македонскиот клупски фудбал. Фудбалот на прво место!“, стои во објавата на ФФМ.
ФФМ исто така го промовираше и новиот слоган „Игра без говор на омраза“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

