Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја награди и младата селекција за успешниот циклус и пласманот на второто место во групата во квалификациите за ЕП 2021.
УО на ФФМ издвои 23.000 евра како награда за селекторот Благоја Милевски и неговите избраници кои запишаа одлични игри низ квалификациите за ЕП. Репрезентацијата до 21 година остана без бараж за ЕП само поради промената на начинот на пласман од страна на УЕФА среде циклус поради пандемијата на коронавирусот.
Македонија со 18 бода заврши зад Шпанија, само за еден гол и еден бод не успевајќи да биде меѓу најдобрите второпласирани репрезентации кои обезбедија настап на Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА