Пред крајот на календарската 2025 година, Фудбалската федерација на Македонија се пофали дека целосно е обновен теренот број 1 на тренинг комплексот при ФФМ „Петар Милошевски“.
„Од првиот ден до последниот детал – пред крајот на 2025 заокруживме уште еден голем проект. Теренот број 1 во ТЦ „Петар Милошевски“ е целосно обновен, нова дренажа, нов систем за наводнување и комплетно нова тревна подлога. Услови како што заслужуваат нашите репрезентации“, порачуваат од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

