ФФМ во март ќе биде домаќин на 20 европски земји на работилница за клупско лиценцирање

На иницијатива на Фудбалската Федерација на Македонија во хотелот „Хилтон“ во Скопје беше одржан координативен состанок за клупско лиценцирање, на кој, покрај домашните претставници беа поканети и одговорните за клупско лиценцирање од Фудбалските Сојузи на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Тема на состанокот беше изготвувањето на новиот правилник за лиценцирање, како и новите дигитални процеси поврзани со лиценцирањето. Во тек е подготовката на нова дигитална платформа за процесот на лиценцирање која се планира да се воведе во текот на следната година.

Во периодот од 2. до 3. февруари наредната година ФФМ ќе биде домаќин на УЕФА работилница за клупско лиценцирање на која ќе учествуваат една третина (или околу 20 земји) од сојузите членки на УЕФА.

Се вчитува...