ФИА ги откажува трките во Бахреин и Саудиска Арабија

ФИА е подготвена официјално да ги откаже трките во Саудиска Арабија и Бахреин пред крајот на тркачкиот викенд во Кина. Причината е јасна за сите, воениот конфликт што започна со нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Иран.

Одлуката за откажување на трките во Саудиска Арабија и Бахреин, кои требаше да се одржат во април, значи дека сезоната во Формула 1 ќе биде скратена на 22 трки, објави Скај Спортс.

Трката во Бахреин беше закажана за 12 април, а трката во Саудиска Арабија викендот потоа. Сепак, бидејќи обете земји се меѓу нападнатите, беше одлучено да се откажат трките.

Скај Спорт се повикува на свои извори и наведува дека одлуката ќе биде официјализирана за време на викендот во Кина, но и дека засега нема намера да се „вметнат“ нови трки во календарот.

Се вчитува...