ФИА го казни Карлос Саинц од бизарна причина

Шпанскиот возач на Вилијамс, Карлос Саинц, заработи казна по трката за Големата награда на Јапонија.  Саинц е казнет откако ги прекрши правилата на ФИА на Јапонското ГП поради малку необична причина. Шпанецот задоцни на изведбата на националната химна пред почетокот на трката во Сузука. 

ФИА потврди дека Саинц е казнет со 20.000 евра, од кои 10.000 евра се условна казна која нема да биде наплатена доколку не го повтори истиот прекршок во следните 12 месеци.

Националната химна традиционално се изведува на 46 минути пред почетокот на трката, а Саинс во тој момент не бил на одреденото место на стартната „решетка“.

Интересно е што пропишаната казна за ваков вид прекршок е дури 60.000 евра, но ФИА ја намали казната. 

– Возачот изјави дека непосредно пред изведувањето на државната химна имал стомачни проблеми поради кои доцнел на стартот. Тоа го потврди и доктор Месина, кој на возачот му дал соодветна терапија – се наведува во соопштението. 

Се вчитува...