Големата награда на Катар многумина од Формула 1 возачит ја оценија како „пекол“ или „мачење“ со оглед на неповолните временски услови во оваа егзотична држава од Блискиот исток.
Логан Сарџент беше приморен да се откаже, на Естебан Окон му се слоши, а Ленс Строл откри дека неколку пати се онесвестил и во текот на трката бил на „ивица“ да се се чувствува безбедно.
„Никогаш не е пријатено кога гледате дека возачите завршуваат во медицинскиот центар бидејќи им е мака или губат свест. Беше многу опасно не станува збор за тоа дека возачите треба повеќе да тренираат. Ние сме во затворено возило на екстремна температура во трка која физички не предизивкува и тоа фрустрира. Можеби на телевизија не изгледа така, но беше јасно каква е состојбата кога луѓе ја прекинувааат трката бидејќи не се чувствуваат добро“, изјави Норис по крајот на трката.
Светската автомобилска федерација (ФИА) се огласи со соопштение во кое наведе дека се забележани жалбите на возачите и ќе бидат превземени безбедносни мерки со цел да има услови за натпреварување.
We will be working with @F1 to avoid a repeat of extreme conditions such as those experienced by drivers during the #QatarGPhttps://t.co/SmztyiTXZk
— FIA (@fia) October 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА