Непосредно пред почетокот на претсезонските тестови во Формула 1, ФИА го објави комплетниот список со тимовите и возачите што ќе се натпреваруваат во новата Ф1 сезона.
Во новата сезона ќе се вози 21 трка, а на патеката ќе се појават двајца дебитанти – Шарл Лекрер и Сергеј Сироткин. Рускиот возач потпиша договор со Вилијамс и ќе вози во тандем со Ленс Строл, а Леклер ќе настапува со бројот 16 во тимот на Заубер.
Неколку тимови во новата сезона ќе стартуваат со промени во името. Така тимот на Заубер официјално е Алфа Ромео Заубер Ф1 тим и болидите ќе бидат во боите на новиот спонзор. Ред Бул стана Астон Мартин Ред Бул Рејсинг, додека тимот на Торо Росо сега ќе биде Ред Бул Торо Росо Хонда.
Список на тимови и возачи во Ф1 за 2018:
Хас Ф1 тим: Ромен Грожан, Кевин Магнусен
Мекларен: Фернандо Алонсо, Стофл Вандорн
Мерцедес АМГ Петронас: Луис Хамилтон, Валтери Ботас
Астон Мартин Ред Бул: Даниел Рикјардо, Макс Верстапен
Рено: Нико Хулкенберг, Карлос Саинц
Форс Индија: Серхио Перез, Естебан Очон
Алфа Ромео Заубер: Маркус Ериксон, Шарл Леклер
Ферари: Себастијан Фетел, Кими Раиконен
Ред Бул Торо Росо Хонда: Пиер Гасли, Брендон Хартли
Вилијамс: Ленс Строл, Сергеј Сироткин
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА