Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ја одби жалбата на Ферари за казната која Себастијан Фетел ја доби на трката за Големата награда на Канада.
Германскиот автомобилист беше казнен со додавање пет секунди на времето, поради грешката која ја направи на патеката, поради која го загуби првото место, на сметка на Британецот Луис Хамилтон. Ферари наводно подготви видео снимки на кои се гледа дека Фетел постапил по правилата, но сепак на крајот комисијата на ФИА ја одби жалбата.
BREAKING: FIA reject Ferrari’s right to review Sebastian Vettel’s Canada penalty
More to follow… #F1 pic.twitter.com/hjsZ7uPz2T
— Formula 1 (@F1) June 21, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА