Интересно беше по трката за Големата награда на Австрија. Астон Мартин поднесе жалба која беше усвоена од ФИА и на крајот казни неколку возачи, вклучувајќи ги Карлос Сајнц и Луис Хамилтон.
Астон Мартин се пожали бидејќи голем број возачи не беа казнети за преминување на белите линии. Наводно, има 1.200 случаи, а ФИА објасни дека управата на трката не можела да ги провери сите инциденти, поради што ја прифатиле жалбата на Астон Мартин и повторно испитале кој го направил прекршокот.
Карлос Саинц беше казнет со 10 секунди, со што беше симнат од четвртото на шестото место, додека Ландо Норис (четврто) и Фернандо Алонсо (петти) напредуваа за една позиција. Луис Хамилтон исто така беше казнет со 10 секунди и падна од седмото на осмото место, а беше претекнат од тимскиот колега Џорџ Расел.
Казна од по 10 секунди добија и Пјер Гасли, Логан Сарџент и Александар Албон. Цунода беше казнет со пет секунди, Де Вриј со 15, а Естебан Окон со 30 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА