Себастијан Фетел нема да биде дополнително казнет за своето однесување на патеката за време на трката за ГН на Азербејџан, на која возачот на Ферари го удри одзади во болидот големиот ривал Луис Хамилтон. Стјуардите на трката го казнија Фетел со само десет секунди при влегувањето во бокс, по што Германецот сепак ја заврши трката пред Хамилтон, кој бурно реагираше за неспортскиот потег.
ФИА најпрвин почна истрага за инцидентот, по што се најавуваше дека Себастијан Фетел сигурно ќе добие казна, но ситуацијата сепак се промени во последните 48 часа, откако Германецот јавно се извини и се понуди во дел од своето слободно време да помага за едукација на младите возачи ширум светот.
„По искреното извинување од страна на Фетел и неговата желба да биде пример на помладите, решивме да не биде изречена дополнителна казна врз германскиот возач. Сепак, нему јасно му е ставено до знаење дека при евентуален сличен престап веднаш ќе биде покрената постапка пред Трибуналот на ФИА“ – се вели во соопштението на ФИА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА