Светската автомобилска организација ФИА нема да го казни Луис Хамилтон поради истканување на политички пораки на трката за Големата награда на Тоскана која се возеше на Муџело. Шампионот носеше маичка на која пишуваше „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бренона Тејлор“ мислејќи на 26-годишната медицинска техничарка која беше застрелана откако нејзиното момче почнало да пука на полицијата при претрес поврзан со дрога во нивната куќа. Сепак, од ФИА донесоа одлука дека нема никаква потреба да се казни актуелниот светски шампион поради искажување на свој став.
The FIA will not launch a formal investigation into Lewis Hamilton’s wearing of a T-shirt at the Tuscan GP about the shooting of Breonna Taylor.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 15, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА