ФИА: Посакуваме дванаесет тима во Ф1 шампионатот

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем изјави дека „нема причина“ да нема дванаесет тима во Формула 1, наместо досегашните десет, што би значело 24 возачи на патеката.

Оваа реченица ја изговори првиот човек на Светската автомобилска федерација на импровизирана прес-конференција во „бивакот“ на релито Дакар, додека беше во посета на возачите на оваа маратонска трка.

Во последните недели се појави приказната за заедничката кандидатура на Мајкл Андрети и Кадилак, а Бин Сулејем јасно им стави до знаење на претставниците на седмата сила дека ФИА е отворена за сите кандидати кои ги поседуваат потребните квалитети, дури и ако не се доволно моќни.

„Генерално, ако сакаме Формула 1 да има модел на одржлив развој, тогаш првенството мора да се отвори и за други брендови. На стартниот грид  може да има до дванаесет екипи“, објасни првиот човек на ФИА.

Нормално, тоа ќе предизвика уште поостра реакција кај тимовите кои веќе се вклучени во Формула 1, но јасно е дека ФИА е подготвена да влезе во решавачка битка за контрола на спортот.

Се вчитува...