ФИБА сепак не покренала истрага против Македонската Кошаркарска Федерација за случката на дуелот меѓу Македонија и Романија и краткотрајното скандирање на мал дел од домашните навивачи. Инцидентот предизвика огромно внимание во домашната јавност, а бројните реакции придонесоа интерес за целата ситуација да дојде и од европската куќа на кошарката, која побарала објаснување од МКФ.
Од „куќата на кошарката“ информираат дека воопшто не станува збор за истрага, раководството на МКФ испратило допис до ФИБА во кој јасно се гледа дека инцидентот е гласно осуден нецели 24 часа по одигрувањето на натпреварот. Од европската куќа на кошарката во комуникацијата со МКФ немало најава за отпочнување на истрага и дисциплинска постапка, а особено симптоматично е што шпекулациите на оваа тема дојдоа од соседно Косово.
Уште поголемо е изненадувањето ако се земе во предвид добрата комуникација и соработка меѓу федерациите на Македонија и Косово, бројните пријателски натпревари што младите селекции ги одиграа летово, па и организацијата на МКФ за пријателски меч на Косово со Швајцарија, што беше одигран во нашата земја.
Очигледно, спортското пријателство е една работа, но национализмот за кои што се обвинети македонските фанови, подеднакво се подгрева и од другата страна. И тоа е нешто на што мора експресно да му се стави крај затоа што не носи добро никому.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

