ФИБА не дозволи кошаркар на Партизан да настапува за Србија

Кошаркарската репрезентација на Србија денеска во Белград ги започна подготовките за престојните квалификации за Евробаскетот 2025. „Орлите“ во првиот прозорец ќе се сретнат со Финска и Грузија, а селекторот Светислав Пешиќ за овие натпревари ќе може да смета и на евролигашките кошаркари.

На списокот на искусниот селектор се најдоа четири имиња од Партизан, а требале да бидат пет, открива и самиот Пешиќ. Покрај Алекса Аврамовиќ, Валша Копривица, Огњен Јарамаз и Урош Трифуновиќ желба на стратегот било да се најде и Тристан Вукчевиќ, но истото не го дозволила ФИБА.

Причината за тоа е што Вукчевиќ e роден во Грција каде настапувал неговиот татко, а за оттаму да може да премине во Реал Мадрид пред да наполи 18 години се согласил дека ќе настапува за грчката репрезентација до 21 година. Според тоа Пешиќ нема да може да смета на кошаркарот на Партизан се до 11. март оваа година кога тој полни 21 година.

На списокот на Србија покрај четирите кошаркари на Партизан се уште: Алекса Раданов, Алекса Ускоковиќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Душав Беслиќ, Душан Ристиќ, Лука Митровиќ, Марко Гудуриќ, Никола Џуришиќ, Огњен Добриќ и Филип Петрушев.

Се вчитува...