ФИБА со официјален допис до Кошаркарската федерација на С. Македонија денеска ја поздрави одлуката за прекин на шампионатот.
Одлуката на КФСМ да го прекине националното првенство без промоција на шампион или испаѓање предизвика полемика во домашната кошаркарска јавност. Од ФИБА нагласуваат дека тоа е дискрециско право на федерацијата во насока на заштита на здравјето на кошаркарите, тренерите и официјалните кошаркарски лица.
„ФИБА прифаќа и ги поддржува националните федерации кои го користат своето дискрециско право во интерес за безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и гледачите, се додека е тоа во согласност со важечките правила и прописи“ – вели генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис во дописот до претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА