ФИБА одреди: Пелистер ќе брка ЛШ во Бугарија

Македонскиот кошаркарски клуб Пелистер ќе брка настап во ФИБА Лигата на шампионите во бугарскиот град Самоков.

Македонскиот клуб во четвртфиналето на квалификацискиот турнир на 19. септември од 15.30 часот ќе се сретен со големиот фаворит, италијанската Реџо Емилија.

Доколку победи против Реџо Емилија, Пелистер во полуфиналето од турнирот ќе се сретне со победникот од мечот Орадеа (Романија) – Јувентус (Литванија).

Победникот од овој полуфинален дуел во големото финале од турнирот ќе се сретне со најдобриот од преостанатите четири тима, ПАОК – СЦ Дерби и Бурса – Брауншвајг, кои ќе разигруваат во горниот дел од костурот.

Се вчитува...