Светската кошаркарска федерација ФИБА отвори истрага против Македонија поврзана со националистичките скандирања за време на дуелот на нашата репрезентација против Романија во Куманово.
Со реакција покрај КФСМ се јави и Министерството за спорт и Министерството за внатрешни работи кои го осудија целиот настан и ветија брзо разрешување на целата работа.
„Во оваа фаза собираме релевантни извештаи и соопштенија во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот“, изјавил претставник на ФИБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

