ФИБА Европа денеска и официјално потврди дека Работнички ќе биде дел од ФИБА Европа купот во новата натпреварувачка сезона. Информацијата на ЕКИПА утрово беше потврдена откако европската куќа на кошарката не само што го вклучи македонскиот тим на листата на учесници, туку и го стави Работнички меѓу носителите во првата рунда.
Така, тимот на Марин Докузовски се наоѓа во друштво на Монс (Белгија), Рилски спортист (Бугарија), Тарту (Естонија), Пардубице (Чешка), Егис (Унгарија), Остров (Полска), Орадеа (Романија), Истанбул и Трабзон (Турција) и Дњипро (Украина), екипи со кои македонскиот состав нема да може да се сретне.
Можни противници на тимот од „Градски парк“ се Балкан (Бугарија), Вурцбург (Германија), Шолнок (Унгарија), Сокхуми (Грузија), КР (Исланд), Бнеи Херзлија (Израел), Невезис (Литванија), Сибиу (Романија), Парма (Русија), Борас баскет (Шведска) и Бујукчекмече (Турција).
Првите натпревари од оваа рунда ќе се играат на 20 септември, а реваншот е закажан за 27 септември. ФИБА дополнително ќе го објави датумот на извлекување на двојките за ФИБА Европа купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА