ФИБА се сеќава на историската победа на Македонија – „Леле луѓе што направивме“ (ВИДЕО)

Светската кошаркарска федерација ФИБА денеска во 18 часот на социјалните мрежи ќе ја емитува репризата од историскиот натпревар во кој Македонија ја совлада Литванија во четвртфиналето од Европското првенство во 2011 година.

Владо Илиевски на 17 секунди до крајот ја постигна тројката за историја на македонскиот спорт. По натпреварот Илиевски изјави „Леле луѓе што направивме?“, а се останато е историја. На крајот Македонија заврши како четвртта на шампионатот што е најдобар успех на една репрезентација во колективните спортови.

 

Се вчитува...