Репрезентацијата на Србија влезе во овој европски шампионат како огромен фаворит за првото место, но нашиот северен сосед во меѓувреме се соочи со сериозни проблеми, пред се со повредени играчи што придонесе да го загуби дуелот со Турција што беше клучен за прво место во групата (и нешто полесен распоред во нокаут фазата).
ФИБА денеска го објави последното рангирање на селекциите пред нокаут фазата од ЕП 2025, на кое Србија веќе не се наоѓа на врвот што го имаше „резервирано“ неколку месеци наназад.
Избраниците на Светислав Пешиќ сега се наоѓаат дури на третата позиција, зад светскиот првак Германија кој игра импресивно (пет победи, од кои четири со по над 100 постигнати поени) и селекцијата на Турција, кој по одличните игри има скок од дури четири позиции во однос на претходното рангирање.
Останува да се види дали ова ќе биде само мотив плус за Пешиќ и неговите избраници во нокаут фазата што почнува утре, а Србија за ривал во осминафиналето ќе ја има селекцијата на Полска.
🚨 𝗪𝗛𝗔𝗧 𝗬𝗢𝗨’𝗩𝗘 𝗕𝗘𝗘𝗡 𝗪𝗔𝗜𝗧𝗜𝗡𝗚 𝗙𝗢𝗥 🚨
What would you change in the #EuroBasket Smart Power Rankings Round of 16 edition? 🤔
📈 Full List: https://t.co/vss38ErbQQ pic.twitter.com/sXm98Yk6ct
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 5, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

