ФИФА: Аргентина, Парагвај и Уругвај директно ќе играат на СП 2030

Аргентина, Уругвај и Парагвај ќе бидат домаќини на три од 104 натпревари на Светското првенство во 2030 година, но тоа не е се.

Директно на турнирот би можеле да се пласираат и овие репрезентации, како и главните домаќини Мароко, Шпанија и Португалија, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Доколку интерконтиненталната формула претставена во среда ги потврди сите технички критериуми до конечното усвојување на крајот на 2024 година, турнирот ќе започне со шест автоматски квалификувани репрезентации од вкупно 48 учесници што е нешто досега невидено, пишува Франс прес.

ФИФА само изјави дека трите официјални кандидати за домаќини на Светското првенство, Мароко, Шпанија и Португалија, ќе имаат директен билет за Светското првенство, но за АФП посочи дека оваа привилегија би можеле да ја имаат и трите јужноамерикански селекции.

Трикратниот светски шампиони, Аргентина играше на секој финален турнир од 1974 година, додека Уругвај играше на секој од 2010 година. Парагвај, од друга страна, ги пропушти последните три Светски првенства, последен пат се појавија во 2010 година кога стигнаа до четвртфиналето.

Се вчитува...