Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираше фудбалските сојузи на Чад и на Пакистан, поради мешање на политиката во работата на националните сојузи.
ФИФА донесе ваква одлука поради вмешност на трети страни во работата на сојузите. Фудбалскиот сојуз на Чад е суспендиран затоа што Владата на оваа земја ги повлече сите овластувања на сојузот и воспостави свое сопствено тело за контрола на фудбалот. Суспензијата ќе биде укината откако актуелното раководство на Фудбалскиот сојуз на Чад ќе потврди дека сојузот повторно е под нивна контрола.
Од друга страна, Фудбалскиот сојуз на Пакистан е суспендиран поради мешање на трети страни во работата на сојузот, што се крши со правилата и прописите на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА